Германија очекува Велика Британија да излезе од ЕУ без договор

Од:

Германската Влада очекува дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври без договор за идните односи, објави германскиот бизнис весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на документ од германското Министерство за финансии.

Весникот наведува дека Владата во Берлин верува оти неуреден Брегзит е „многу веројатен“ имајќи ги предвид барањата на британскиот премиер Борис Џонсон дека границата со Ирска, договорена со неговата претходничка во ноември минатата година, ќе биде исфрлена од договорот за Брегзит.

ЕУ нема избор, освен да го исфрли тоа барање, се наведува во документот на Министерството за финансии, додавајќи дека не се очекува Џонсон да ја промени својата позиција.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он