Германија: Ниедна земја-членка на НАТО нема да биде оставена сама на себе

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека ниедна земја-членка на НАТО нема да биде оставена сама на себе пред она што тој го нарече руска провокација во форма на бран хибридни напади.

– Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Ова е опасно и мора да се одговори јасно и обединето, рече Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде што зборуваше заедно со неговите полски и француски колеги Радослав Сикорски и Жан-Ноел Баро, објави Ројтерс.

НАТО ќе го заштити секој сантиметар од територијата на нашата алијанса, ниедна земја-членка нема да биде оставена сама да се справи со овие закани, додаде тој.

Алијансата ја започна мисијата „Источна стража“ во септември за да ја зајакне одбраната на источниот дел од Европа, одговарајќи на упадите на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Минатата недела беше објавено дека неколку беспилотни летала влегле во воздушниот простор на Копенхаген и друга клучна инфраструктура во Данска, што предизвика најпрометниот аеродром во нордискиот регион да се затвори неколку часа. Русија ги негираше обвинувањата дека нејзините беспилотни летала и борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на НАТО.

Би можело да ве интересира

Германец четири години го криеше телото на мајка си – на креветот стави кукла

А1он

Жена во Германија седна на клупа и почна да плаче – доби казна од 25 евра

А1он

Павел: Ограничена руска воена операција би можела да го загрози единството на НАТО

Романија го поддржува новиот кредит на ЕУ за Украина, Дан не верува дека Русија сака мир

Павел го повика НАТО со сила да ѝ одговори на Русија: Треба да се соборуваат дроновите и ракетите

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ