Германија не ги почитува санкциите против Северна Кореја

Од:

Германија е една од земјите што ги прекршува меѓународните санкции против Северна Кореја, тврдат дел од германските медиуми, според кои властите во Берлин и дозволуваат на владата во Пјонгjанг да заработува со издавање на дипломатски објекти.

Иако резолуцијата 2321 на ОН од ноември минатата година им наложува на своите членки да прекинат секакви активности за издавање на амбасадите на Северна Кореја во странство, во Берлин тоа не е случај.

За разлика од Бугарија која во март побара Пјoнгјaнг да запре со издавање на својата амбасада за комерцијални цели или Лаос и Египет, кои што ги протерале севернокорејските дипломати кои ги издавале дипломатските објекти, во Берлин оваа практика продолжува без проблеми од локалните власти.

Како што се вели во извештајот на весникот „Ди Велт“ причината за тоа е што властите на поранашната Источна Германија на Северна Кореа и дале „неограничени права“ за користење на објектот, по што еден дел од амбасадата на Северна Кореа во Берлин е издаден на хотелски бренд.

Договорот за изнајмување на објектот на компанијата „Ситихостел Берлин“, што е сместен на неколку стотини метри од Бранденбуршката порта, е потпишан во 2007 година и е се уште во сила. Таму секој патник може да добие кревет за 17 евра или пак посебна соба за 35 евра.

Весникот „Шпигел“ пренесува изјава на вработен во хотелот, кој тврди дека зградата во која работи е дел од амбасадата на Северна Кореја, што се се коси со резолуцијата 2321 на ОН.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин германското Министерство за надворешни работи засега одбива да ги коментира медиумските извештаи, со објаснување дека германската Влада внимателнно ги следи можните прекршувања на санкциите воведени од Советот за безбедност на ОН кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори