Германија на врвот на земјите во кои бегалците се добредојдени

Од:

Индексот за тоа која земја најсредечно ги пречекува бегалците, покажува дека на врвот на листата на овие држави се Германија и Кина, јави дописникот на МИА од Берлин.

Дури 80 отсто од луѓето во светот би примиле бегалец во својата земја, се вели во истражувањето организирано од организацијата „Анмести интернешнл“, а огромен број на луѓе дури би се согласиле да прифатат бегалци и во своите домови.

Индексот за „Добредојде на бегалците“, кој се базира на испитување во кое учествувале над 27 илјади луѓе, покажува дека антибегалската реторика на дел од владите не кореспондира со ставот на граѓаните во однос на бегалците.

Најнегативен однос кон бегалците имаат граѓаните на Русија, Индонезија и Тајланд, а најотворени за прием на бегалци се жителите на Германија, Кина и Велика Британија. Речиси половината од Кинезите би прилиме бегалци во својот дом.

Во Европа поддршката за бегалците е особено голема во Германија, Шпанија и Грција. Турција е меѓу водечките земји, чии граѓани не би сакале да примат бегалци на своја територија.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски