Германија на праг на рецесија

Од:

Германските фабрички нарачки во декември се намалија за 1,6 отсто поради слабата побарувачка од странство, покажуваат најновите податоци.

Тоа е многу полошо отколку растот од 0,3 проценти, кој го очекуваа економистите, и падот од 0,2 отсто во ноември минатата година.

На годишно ниво, нарачките беа за седум проценти пониски отколку во декември 2017 година, што претставува најголем пад од 2012 година.

Таквиот лош резултат покажува дека германската индустриска база се соочува со проблеми имајќи ги предвид трговските тензии, забавување на глобалниот раст и вознемиреност околу брегзит.

Германската автомобилска индустрија, исто така, имаше неколку лоши месеци, по воведувањето на нови, построги правила за загадувањето.

Бруто домашниот производ на Германија се намали за 0,2 отсто во период од јули до септември, а некои економисти стравуваат дека нејзината економија ќе продолжи да тоне, што ќе ја доведе земјата во рецесија.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски