Германија легализира одгледување марихуана за „терапевтски цели“

Од:

Германскиот суд одлучи лицата кои трпат хронични болки да можат да одгледуваат марихуана „во терапевтски цели“.

Пет лица кои трпеле хронични болки се жалеа пред судот во Келн, откако германскиот завод за лекови и за медицински уреди (BfArM) им го одби барањето за одгледување на билката во домашни услови.

Судот пресуди дека BfArM мора да преиспита три барања кои ги одбил.

Иако сите подносители на жалбата можеле да купуваат и конзумираат марихуана во терапевтски цели, сакале да ги одгледуваат своите билки, бидејќи не можеле да си го дозволат лекот, а здравственото осигурување не им го покривало трошокот.

Судот одлучи дека тројца подносители на жалби го исполнуваат условото за производство на лекот, бидејќи е „прилично сигурно“ оти трета страна нема да има пристап до билката и производот.

– Ова не значи дека секој може да почне да одгледува марихуана дома, ова важи само за оние кои се тешко болни, и ништо друго не им помага, рече портпаролката на судот Стефани Сеиферт, додавајќи дека одгледувањето останува противзаконско за сите останати.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани