Германија го стави францускиот пограничен департман Мозел во ризичната зона, а Париз се обидува да преговара со Берлин за да го избегне затворањето на границата од понеделник.
Франција се обидува да преговара, бидејќи затворањето на германската граница ќе остави 16.000 погранични работници без работа. Тие, сепак, ќе можат да ја поминат границата само со негативен ПЦР тест направен пред најмалку 24 часа пред влезот што е невозможно да се реализира во лабораториите.
– Ситуацијата во Франција е очигледно многу напната, но Владата презеде силни мерки за контрола на епидемијата, особено со полицискиот час кој е на сила секој ден од 18 до 6 часот и функционира многу добро велат здравствените власти.