Според предвидувањата на Институтот за Еконосмки истражувања од Келн до крајот на 2017 година Германија ќе потроши околу 50 милијарди евра за бегалците, многу повеќе од најавите на владата во Берлин дека годишно ќе се трошат по половина од германскиот суфицит, што за лани изнесување околу 12 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според Институтот, годинава трошоците за сместување, храна, интеграција и курс по германски јазик ќе бидат на ниво од 22 милијарди евра, а догодинна тие ќе продолжат да растат.
Само за сместување на вкупно околу 1,5 милиони баратели на азил годинава ќе бидат потрошени околу 17 милијарди евра, а уште околу пет милијарди ќе бидат потрошени на трошоци за интеграција, пренесува весникот „Рајнише пост“.
Доколку се остварат проценките дека до 2017 година бројот на бегалци се зголеми на 2,2 милиони тогаш трошоците ќе пораснат на 27,6 милијарди евра. За да се избегне финансиска нестаблиност во државната каса и во буџетите на германските покраини институтот сугерира да се направи сериозна ревизија на потребните пари и да се намалат трошоците.
Слични предвидувања има и Институтот за светска економија од Кил кој предвидува трошоци за бегалците од околу 55 милијарди евра за две години. Од нив покраините ќе треба да покријат околу 17 милијарди евра.