Германија ќе ја прекине истрагата за шпионирањето на Меркел

Од:

Поради недостиг од квалитетни докази германските власти ќе ја прекинат истрагата за наводно прислушкување на канцеларката Ангела Меркел од страна на американската Национална безбедносна агенција, објави денеска списанието „Фокус“.

Истрагата беше почната пред шест месеци, но експертите за шпионажа не успеаја да најдат ниту еден конкретен доказ дека прислушкувањето навистина се случило, па затоа препорачаа истрагата да се прекине, наведе „Фокус“, повикувајќи се на извори блиски до германското Министерство за правда.

-Резултат од истрата речиси и да нема, рече еден извор, а пренесоа француските медиуми.

Изворите наведуваат дека сојузното државно обивнителство ќе постапи по препораката на стручњаците за шпионажа.

Германското правосудство во јуни соопшти дека отворило истрага за наводното шпионирање на странски разузнавачки служби на територијата на Германија.

Документите што ги објави пребеганиот американски разузнавач Едвард Сноуден покажаа дека прислушкувањето на телефонските разговори на германските граѓани и нивната комуникација на Интернет било широко распространето, што предизвика бес кај германската јавност.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски