Германија ќе испорача оружје за арапски земји, од кои некои ја поддржувале „Исламска држава“

Од:

 Германија одлучи да испорача нови пратки оружје за арапски земји, од кои некои од нив ја поддржувале „Исламска држава“, објави весникот „Зидојче цајтунг“.

Според весникот, од документ на комисијата за економски прашања во Бундестагот станало јасно дека испораките на оклопни возила и оружени системи се наменети за земји како Катар, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Алжир.

Јордан, Оман и Кувајт исто така добиле оружје од Германија.

Испораките биле одобрени од Федералниот совет за безбедност, во кои учествуваат канцеларот Ангела Меркел и нејзиниот заменик Зигмар Габриел, како и министрите за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и за одбрана Урсула фон дер Лајен.

„Зидојче цајтунг“ потсетува дека Габриел неодамна настојувал за стриктно зачувување на уставната забрана за извоз на оружје за држави надвор од ЕУ, НАТО и нивните партнери.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он