Германија ќе дистрибуира низ државата уште 19.500 дози на вакцина против мајмунски сипаници

Од:

Германската влада ќе дистрибуира следната недела 19.500 дози на вакцина против мајмунски сипаници низ целата земја , соопшти Министерството за здравство, бидејќи побарувачката продолжува да ја надминува понудата во жариштата, јави ДПА.

Околу 40.000 дози беа испратени во германските покраини во јуни и уште 5.300 во јули. Федералната влада потпиша договори за вкупно 240.000 дози.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека ширењето на болеста треба да се спречи со сите расположливи средства.

„Тоа вклучува добро следење на контактите, сеопфатно образование и вакцинација на луѓето особено изложени на ризик“, рече тој.

Свен Леман, владиниот комесар нагласи дека „подготвеноста за вакцинација, особено кај мажите кои имаат секс со мажи, е висока“.

„Но, особено во жариштата, побарувачката е многу поголема од понудата“, рече Леман. Во некои градови, оние кои бараат вакцинација имаат потешкотии да закажат термини, истакна тој.

Во Германија од мај се пријавени 3.405 случаи на мајмунски сипаници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година