Германија ја шпионирала Хилари Клинтон?

Од:

Агенти на државната безбедност на Германија снимале разговор во кој учествувала Хилари Клинтон во време додека била државна секретарка на САД, објавија германски медиуми.

Клинтон била снимена за време на разговорот што го водела во владиниот авион, наведуваат весникот „Зидојче цајтунг“ и телевизиите НДР и ВДР.

Не е објавено прецизно ниту кога нејзиниот разговор е снимен, ниту на која територија авионот се наоѓал во моментот на прислушување.

Според медиумите, ова откритие би можело да го посрамоти официјален Берлин, со оглед дека токму Германија го критикуваше Вашингтон поради шпионажа.

Германските медиуми наведуваат дека неименувани извори на германската Влада објаснуваат дека Клинтон е снимена случајно и оти тоа не било дел од какво било планирано шпионирање на високата функционерка на САД.

И германската Влада како и портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа одбија да ги коментираат новинарските написи.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски