Германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лаен изјави денеска дека Германија планира утре да испрати 35 тони хуманитарна помош за Ирак и оти Берлин се уште разгледува каков вид воена помош би можеле да испратат.
Во изјава за Билд, таа рече дека Германија планира да испрати помош во храна, лекови и ќебиња, кои со авиони ќе бидат доставени до градот Ирбил и предадена на организации на ОН.
Тие планираат да испратат во Ирак и воени возила, опрема за ноќно набљудување и детектори за бомби.
– Оружје испратија други држави, сега рагледуваме каква друга воена помош можеме да испратиме, изјави Фон дер Лаен.