Германија го протера шефот на ЦИА

Од:

Германската влада во екот на аферата со прислушкување, одлучи да го протера шефот на одделот на американската разузнавачка служба за Германија.

-Побаравме претставникот на разузнавачката служба во Амбасадата на САД, да ја напушти Германија- соопшти портпаролот на владата, Штефен Зајберт.

Според зборовите на германскиот пратеник, Клеменс Бинингер кој што е и претседател на парламентарната комисија за контрола на разузнавачките активности, протерувањето е „ реакција на недостаток на соработка во напорите да се разјаснат активностите на американските агенти во Германија“.

Сојузното обвинителство на Германија отвори истага поради сомнеж дека едно лице кое работи во Министрството за одбрана во Берлин е таен агент на Американците.

Минатата недела беше уапсен агент на германската разузнавачка служба БНД, за кого има сомнеж дека е двоен агент.

Осомничениот признал дека пред две години им понудил услуга на американските тајни служби и дека за 25.000 евра им испорачал повеќе од 200 тајни документи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он