Германија ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан

Од:

Германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан.

На веб-страницата на министерството денеска е направена промена во сегментот за совети за патување и безбедност и за Либан напишано е дека германските граѓани се повикуваат веднаш да го напуштат Либан.

За потсетување, американската амбасада во Либан претходно денеска ги повика американските граѓани да го планираат своето заминување од Либан што е можно поскоро, додека се уште се достапни „комерцијалните опции“.

Во предупредувањето, кое беше испратено до американските граѓани по електронска пошта, амбасадата истакна дека внимателно ја следи безбедносната ситуација во Либан, пренесува Ројтерс.

Во исто време, таа им препорача на американските граѓани кои не сакаат да го напуштат Либан да направат итен план. Американскиот Стејт департмент издаде совет за патување на 17 октомври, во кој ги повика американските граѓани да не патуваат во Либан поради „непредвидливата безбедносна ситуација“.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

Командант на Хезболах е убиен во израелски напад во јужен Либан

Горан Наумовски

Израел погоди неколку цели во јужен Либан

Нетанјаху потврди: Подготвен сум да се договорам со Хамас, сега одиме на Либан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Израел ја бомбардираше Газа, тензиите растат на границата со Либан