Германија: 45 лица повредени во железничка несреќа

Од:

Четириесет и пет лица се повредени, од кои петмина се во тешка здравствена состојба, во тешката железничка несреќа во германскиот град Манхајм, соопштија германските власти.

Патнички и товарен воз се судрија, по што пет вагони од патничкиот воз излетаа од шините, а два од нив и се превртија.

Инцидентот се случил синоќа во Манхајм, во федералната провинција Баден-Вуртемберг. Засега нема податоци за заганати при несреќата.

Избегнати се посериозни последици, затоашто возовите се движеле релативно бавно.

Патничкиот воз патувал од австрискиот град Грац до Саарбрукен, а товарниот од Дујсбург до унгарскиот град Шопрон.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани