60-годишен Германец од Магдебург примил 87 вакцини против ковид. Потоа ги продавал сертификатите за вакцинација со вистински сериски броеви на луѓе кои не сакаат да се вакцинираат.
Мажот наводно бил вакциниран во центрите за вакцинација во источната сојузна покраина Саксонија додека измамата не ја забележала полицијата, јавува агенцијата ДПА.
Осомничениот не е приведен, но е под истрага за неовластено издавање на потврди за вакцинација и фалсификување исправи, а бил фатен кога втор ден по ред се појавил во центарот за вакцинација.
Нема информации за влијанието на околу 90 дози вакцини против коронавирус, кои биле од различни производители, врз здравјете на една личност.