Германец осуден на 8,5 години затвор поради кастрација на мажи по нивно барање

Од:

Германски суд осуди 67-годишен електричар на 8,5 години затвор бидејќи кастрирал неколку мажи по нивно барање, јави ДПА.

Суд во Минхен осуди едно лице за тежок и опасен напад, кое првично било обвинето за убиство од небрежност, поради смртта на еден од кастрираните мажи како последица на таа операција.

Обвинетиот пред судот признал дека нудел кастрации на садо-мазохистички сајтови, наведувајќи дека неколку мажи му платиле да ги измачува и да им ги отстрани тестисите.

Операциите ги извршил на неговата кујнска маса во местото Маркт Швабен, а на жртвите им кажал дека е обучен медицински експерт.

Тој изјави дека од јули 2018 до март 2020 година кастрирал или делумно ги ампутирал гениталиите на осум мажи, но негираше одговорност за смртта на еден од нив, кој почина неколку дена по операцијата.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски