Германците лути поради скулптура на Меркел

Од:

Една скулптура на германската канцеларка Ангела Меркел, изложена во ботаничката градина во Грац предизвика лутина во Германија.

Станува збор за женска фигура која што со спуштени панталони на трева извршува нужда.

Во германските медиуми скулптурата предизвика бура, и покрај тоа што во Германија се уште никој не ја видел.

Медиумите прашуваат дали е дозволено канцеларката да се прикажува на тој начин.

Австрискиот уметник Александар Николиќ, кој заедно со својот колега, Михаел Каливода ја изработи скулптурата, тврди дека тоа е дозволено и дека целта им е да ја покажат тривијалноста во човечкиот живот.

-Станува збор за тоа дека Меркел е доминантна, хегемонијална политичарка. Но, политиката навлегува во интимната сфера на секој поединец, така што многу нешта од нас повеќе не се интимни-изјави Николиќ.

Како што се очекува скулптурата до септември треба да биде изложена во Грац, во рамките на „Меѓународното биенале на скулптури“, кое го организираат уметници од Австрија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке