Германци ја тужат Украина за падот на МХ17

Од:

Семејствата на загинатите Германци при паѓањето на малезискиот авион МХ17 најавија дека ќе поднесат тужба против Украина и украинскиот претседател.

Адвокатот, кој ги претставува семејствата на жртвите, најави тужба за убисто од небрежност на 298 лица, односно на сите патници од авионот соборен над источна Украина.

Застапникот Елмар Гијемула истакна дека според правилата на меѓународното право Украина требала да го затвори својот воздушен простор ако не била сигурна дека може да пружи целосна безбедност.

– Секоја држава е одговорна за безбедноста на својот воздушен простор. Ако од која било причина тоа не е во состојба да го направи, тогаш мора да забрани прелети. Украина тоа не го направи и виновна е за нанесената штета, истакна Гијемула.

Тој потенцира дека Украина со одлуката да не го затвори својот воздушен простор прифатила животите на стотина луѓе да ги изложи на опасност и тоа се смета за повреда на човековите права.

Поднесувањето на тужбата го најави за две седмици пред Европскиот суд за човекови права, а меѓу барањата е и отштета од милион евра по жртва.

Малезискиот авион се урна на 17 јули, а загинаа 298 лица, од кои две третини беа Холанѓани.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите