Генералштаб на Украина: Продолжуваат жестоките борби околу Бахмут

Од:

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека продолжуваат жестоките борби со руските сили околу Бахмут и Авдијeвка.

Украинскиот Генералштаб наведува дека руските сили продолжуваат да ги фокусираат своите главни напори на изведување офанзивни операции во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка, пренесува Интерфакс Украина.

Се додава дека во текот на изминатиот ден биле одбиени повеќе од 40 напади на руските сили.

„Во насока на Бахмут, непријателот продолжува со офанзивните операции, обидувајќи се да преземе целосна контрола над градот Бахмут, жестоките борби продолжуваат“, се вели во соопштението.

На правците Запорожје и Херсон, според Генералштабот на Украина, руските трупи продолжуваат да воспоставуваат позиции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ