Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун предложи хуманитарна помош на Укриана, јави ДПА.
Бан изрази длабока загриженост за ситуацијата на цивилното население во Источна Украина, истакнувајќи дека невини луѓе умираат бидејќи се наоѓаат во центарот на судирите меѓу сепаратистите и владината армија.
Тој ги повика и двете страни да внимаваат на граѓаните.
– Ако хуманитарната ситуација се влоши, ОН се подготвени да обезбедат дополнителна помош, изјави Бан Ки-мун. Според него засега украинските власти и меѓународните партнери успеваат да се справат со ситуацијата.