Генерал убиен при обид за воен удар во Етиопија

Од:

Началникот на штабот на армијата на Етиопија, генерал Сиар Меконон и неговиот советник Гизе Абера се убиени при вчерашниот обид за воен удар во сојузната држава Амахара, изјави етиопискиот премиер Абиј Ахмед.

Државната телевизија на Етиопија објави дека зад обидот за пуч стои генералот Асамнев Циге.

Според премиерот Ахмед, претставниците на регионалната Влада биле на состанок кога се случил обидот за воен удар.

– Неколку луѓе се убиени, додека други се повредени, истакна Ахмед, додавајќи оти Меконон е „убиен од негови блиски луѓе“.

Амахара е една од деветте регионални држави во Етиопија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска