Генерал Талаџи: Израел не може да се одбрани од нашето современо оружје

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за одбрана, генерал Алиреза Талаџи-Ник, изјави дека израелската агресија против Иран има четири клучни карактеристики, од кои првата е наметнување војна.

„Непријателот се стреми да им наштети на нашите капацитети, а наметнувањето на оваа војна нè става во одбранбена позиција. Сепак, во оваа војна ќе ги искористиме сите наши офанзивни капацитети против непријателот“, рече Талаџи-Ник, додавајќи дека операцијата спроведена од припадниците на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) е еден од показателите за силата на вооружените сили на Иран, како и за супериорноста во областа на разузнавањето.

Тој истакна дека безбедносниот и разузнавачкиот центар на израелскиот режим бил погоден од водечка ракета, и покрај софистицираните противвоздушни системи, објави иранската новинска агенција Тасним.

Генералот нагласи дека Иран има напредна домашна технологија и оружје и дека вооружените сили се опремени со модерно оружје.

„Денес, за прв пат беше употребена една од нашите напредни ракети, која непријателот не можеше да ја пресретне. Со користење на овие системи, способноста на непријателот да се спротивстави постепено се намалува“, рече тој.

Иран ја употреби најновата ракета во нападот врз Израел, која израелската војска не успеа да ја пресретне сè додека не ја погоди својата цел, објави Министерството за одбрана на Исламската Република Иран.

Израел започна напад врз нуклеарната програма на Иран ноќта на 13 јуни. Помалку од 24 часа подоцна, Иран одговори. Во следните денови, Израел и Иран повторно разменија напади. Двете страни пријавија смртни случаи и повредени од нападите и признаа дека биле погодени бројни цели на нивна територија, но нагласија дека штетата е ограничена.

Би можело да ве интересира

Талибанците прават набљудувачки места од американските „хамви“ поставувајќи ги на бетонска конструкција

ВИДЕО: Зошто Путин не сака да седне со Зеленски? Трамп: Затоа што не му се допаѓа

Иран: Русите им ги дадоа на Израелците сите разузнавачки информации за противвоздушната одбрана

Предраг Петровиќ

Австралија: Илјадници луѓе се придружија на најголемите пропалестински и антиизраелски протести

Голема израелска офанзива во Газа, војската уништува згради, гранатира куќи и патишта

Горан Наумовски

Нетанјаху: Мојот план за преземање на Газа би можел да помогне во ослободувањето на заложниците