Генерал Демпси: Исламска држава може да стане закана и за САД

Од:

Терористичката група Исламска држава е закана не само за Ирак и држави од регионот, туку во иднина може да стане опасност и за САД. Тоа го наведе шефот на Здружениот ГШ на американската армија генерал Мартин Демпси.

– Таа група е радикална во идеологијата. Користи безмилосни тактики и е затворена за сите освен за оние кои прифаќаат нивни поглед на светот. Исламска држава е директна закана за регионот, за нашите партнери, а исто така и за САД во долгорочна перспектива, изјави Демпси.

Тој додаде дека по наредба на претседателот Барак Обама, Здружениот штаб разработил стратегија со наччини за водење борба со терористите од Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина