Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

Од:

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека на 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неплатен долг на земјата.

Се вели дека компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорите за снабдување со Молдавија.

Суспендирањето на испораките доаѓа во пресрет на целосното запирање на извозот на руски гас преку Украина и Европа, од каде што тече кон Словачка, Австрија, Унгарија и Италија по истекот на актуелниот транзитен договор со Украина на 31 декември.

Русија ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно преку Украина.

Русија, која е критична кон прозападната централна влада на Молдавија, рече дека треба да платат долг за претходните испораки, кои според руските проценки изнесуваат 709 милиони долари. Молдавија објави дека нејзиниот долг изнесува 8,6 милиони долари.

Два и пол милиони жители на Молдавија се подготвуваат за долги прекини на електричната енергија откако украинската влада соопшти дека нема да го продолжи својот транзитен договор со Гаспром.

Молдавија и Придњестровје прогласија вонредна состојба поради заканата од прекини во снабдувањето со гас.

Молдавскиот премиер Дорин Речеан ја осуди одлуката на Русија, велејќи дека жителите ќе останат без струја и греење, а на Фејсбук ја обвини Русија дека ја користи енергијата како оружје и најави дека ќе ги разгледа правните лекови, вклучително и меѓународната арбитража.

Молдавската претседателка Маја Санду го обвини Гаспром за предизвикување на енергетската криза, велејќи дека одбива да снабдува гас преку алтернативна рута.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски