„Гардијан“: Во Кина се шири нов вирус, заразени десетици лица

Од:

Кинеските здравствени експерти почнаа да следат нов вирус што се шири во земјата, од кој досега се заразени неколку десетици лица.

Новиот „Лангја хенипавирус“ (LayV) првпат беше откриен на крајот на 2018 година во североисточните провинции Шандонг и Хенан, но научниците официјално го идентификувале дури минатата седмица.

Научниците сметаат дека вирусот најверојатно преминал од животни на луѓето. Тие тестирале диви животни и кај три четвртини од материјалите земени од примероци на ровка била пронајдена вирусната РНК, што укажува дека тоа животно би можело да биде природниот резерват за тој вирус. Вирусот „LayV“ е откриен и кај два проценти од проверените домашни кози и кај пет проценти од материјалите собрани од кучиња.

Кај луѓето тој вирус предизвикува висока температура, замор, кашлица, губење апетит и болки во мускулите. Засега нема смртни случаи, пишува „Гардијан“.

Инфектологот Ванг Линфа од Медицинскиот факултет „Дјук-НУС“ за кинеското издание на „Глобал Тајмс“ вели дека случаите на „LayV“ не биле фатални така што нема место за паника.

Експертите засега не знаат дали вирусот почнал да се пренесува од човек на човек. Повеќето од 35-те регистрирани случаи на зараза со вирусот се земјоделци, а останатите биле вработени во фабрика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио