Гардиjан: Велика Британија ги шпионирала учесниците на самитот на Г-20 во Лондон во 2009 година

Од:

Велика Британија ги пресретнувала телефонските повици и ги следела компјутерите, користени од официјалните претставници на две меѓународни финансиски средби на високо ниво во Лондон во 2009 година, соопшти весникот „Гардиан“.

Весникот тврди дека некои делегати од земјите од Г-20 – дваесетте најразвиени држави во светот, ги користеле интернет кафулињата што ги опремиле британските разузнавачки служби, така што им ги читале мејловите.

Информацијата беше објавена неколку часа пред лидерите на земјите од Г-8, кои влегуваат исто така во Г-20, да ја почнат дводневната средба во Северна Ирска.

„Гардиан“ прецизира дека видел тајни документи, во кои детално се опишувало како британското разузнавање тајно ги следело учесниците на средбата на врвот на Г-20 и на средбата на министрите за финансии во 2009 година.

Шпионската операција била одобрена од високо позициониран службеник во владата на поранешниот премиер Гордон Браун, додава весникот.

Меѓу целите на набљудувањето биле Јужна Африка и Турција. Портпарол на британското Министерство за надворешни работи не сакал да ги коментира тврдењата на весникот.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски