Мировната конференција за Сирија, која ја иницираа САД и Русија и која требаше да се организира на почетокот од јуни „речиси сигурно“ се одлага, тврди „Гардијан“, повикувајки се на дипломатски извори во Лондон.
Претходно, Вашингтон и Москва заеднички се спогодија за организирање мировна конференција меѓуДамаск и вооручената сириска опозиција и бунтовниците кои се борат за да го соборат од власт претседателот Башар ал Асад.
Договорот меѓу САД и Русија ги зголемија надежите дека двете супер сили,кои во сирискиот внатрешен конфликт се на различни страни, може да помогнат за запирање на крвавото насилство.
Но дипломатите, на кои се повикува лондонскиот весник, велат дека откако лидерот на сириската национална коалиција Жорж Сабра ја отфрли можноста да седне на масата за преговори,додека „цивилите се уште се убивани,а Сирија е изложена на инвазија од Иран и Хезболах“ стана сосема јасно дека конференцијата во Женева не може да се одржи според порано предвидениот термин.
Како можен нов термин за мированата конференција за Сирија,сега се споменува јули или дури август,до кога се верува дека би можело да се убедат сите страни да направат отстапки и да се најдат на една маса.
Западот ја обвинува Русија за ваквата ситуација и нејзината одлука да и испорача нови количества најсовремено оружје на Асад и на сириската армија.
Официјална Москва потврди дека Дамаск,сепак,ке го добие ракетниот систем С-300 и покрај противењето на Западот и Израел,како и авионите-ловци МИГ-29 од најсовремената класа.
Асад во меѓувреме рече дека првата пратка од ракетниот одбранбен систем веке е во Сирија,иако московските медиуми потоа тврдеа дека тоа не е точно. Москва од своја страна,ги обвинува земјите на ЕУ,а пред се Велика Британија и Франција,за укинување на блокадата за оружје за сириските бунтовници,оценувајки дека тоа е само доливање оган на распалениот пожар.