„Гардијан“: Кинеските власти ги принудувале Ујгурите на присилна работа, за да ја намалат нивната популација

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека кинескиот извештај на академиците од универзитетот Нанкаи, од минатата година, содржи многу докази за напорите на официјален Пекинг за прогон на муслиманската малцинска група Ујгури, што експертите за човекови права и некои влади ги оценуваат како културен геноцид.

Извештајот на академиците бил отстранет кон средината на 2020 година, но негова копија, сепак, успеал да архивира академик д-р Адријан Зенц.

Кинеската влада ги негира обвинувањата за присилна работа и трансфери на работна сила во Синџијанг, објаснувајќи дека работните програми се доброволен елемент на нејзините цели за намалување на сиромаштијата.

Во извештајот „Нанкаи“, меѓутоа, се наведува дека трансферите на работна сила, исто така, се долгорочна мерка која „не само што ја намалува густината на населението на Ујгурите во Синџијанг, туку е и важен метод за влијание, топење и асимилација на ујгурските малцинства“.

Иако во извештајот се нагласува дека програмите биле „доброволни“, тие даваат контрадикторни детали, како што се целите за извоз на работници и потребата за обезбедување во тимовите за пронаоѓање работна сила.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски