„Гардијан“: Брегзит би можел да биде одложен до 2021

Од:

Брегзит би можел да биде одложен до 2021 година според плановите кои ги разгледуваат истакнати функционери од ЕУ во време на растечко незадоволство за начинот на кој британската премиерка управува со преговорите, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на неименувани извори од Унијата.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но развојот на настаните сугерира дека би можело да дојде до одложување од две години.

Според информациите на „Гардијан“, ЕУ разгледува можност за одложување ако Тереза Меј не успее да го „протурка“ договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

Неименувани извори наведуваат и дека ЕУ нема да понуди кусо продолжување за останување во ЕУ од неколку седмици, туку период од 21 месец кој, според изворите на „Гардијан“, има смисол затоа што би се вклопил во рамките на буџетот на ЕУ и би ги олеснал работите.

Друг извор рекол дека е можно Велика Британија да добие продолжување ако тоа го сакаат лидерите на земјата.

Би можело да ве интересира

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп