Гардијан: 70.000 корисници од Твитер се преселиле на нова мрежа што не може да биде контролирана

Од:

Откако Илон Маск го купи Твитер минатата недела, некои од корисниците на апликацијата побараа нов дом и открија дека нема многу одлични опции, бидејќи ко-основачот на Твитер Џек Дорси сè уште ја тестира апликацијата Блускај, но успеаја да најдат еден – Мастодон, пишува Гардијан.

Тоа е платформа стара шест години, популарна меѓу левичарите.

Мастодон, именуван по изумрено животно со заби, е децентрализиран, што значи дека не може да биде контролиран од ниту една корпорација или милијардер, пишува британскиот весник.

„Очигледно е привлечно бидејќи повеќе од 70.000 корисници на Твитер се префрлија на Мастодон еден ден откако беше продаден на Маск“, според Гардијан.

Споредено со 450 милиони дневни активни корисници на Твитер, тоа е сепак мала бројка, а најголемиот проблем со ваква платформа е токму децентрализираниот софтвер.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски