Гани: Авганистан е голем должник на САД

Од:

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави во американскиот Конгрес дека неговата земја има голем долг кон САД, вклучувајќи ги и убиените над 2.200 американски војници во Авганистан.

– Пред се сакам да му се заблагодарам на американскиот народ, чија несебична поддршка за Авганистан беше од огромна корист за поттикнување на слободната кауза, истакна Гани.

Тој им се заблагодари на САД и за укажаната помош во развојот на Авганистан, како и друга поддршка за граѓански цели.

Гани изрази увереност дека може да се најде начин талибанските бунтовници во Авганистан да бидат вклучени во општествениот живот на земјата, истовремено нагласувајќи дека тие треба да ги прекинат врските со Ал Каеда.

Авганистанскиот претседател додаде дека радикалната група Исламска држава и нејзините сојузници претставуваат огромна закана за земјите од Западна и Централна Азија.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица