Најмалку 53 лица загинаа во Гана во директен судар меѓу автобус и камион, што е една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата во последните години, соопшти денеска полицијата.
Несреќата се случила во текот на ноќта на околу 420 километри северно од престолнината Акра, пренесува Танјуг.
Автобусот возел за Тамале, град на северот на земјата кога се судрил со камион кој превезувал домати, соопшти регионалниот шеф на полицијата Максвел Атингане.