Гана се жали на чешките органи за постапка со нивен државјанин по сомнеж за ебола

Од:

Владата на Гана на чешките власти им предала протестна нота поради постапката поведена во врска со нивен државјанин, за кој посотоела сомнеж дека е заболен од ебола, јавија чешките медиуми.

Видеото на кое, медицински персонал од брзата помош во инвалидска количка го пренесува момчето прекриено со црна кеса преку главата ја вознемири светската јавност.

Студентот од Гана, како што јави дописникот на МИА, пристигнал со авион во Прага и имал лесни знаци на настинка, на кој предупредила вработената на рекламации каде го пријавил изгубениот багаж.

Подоцна бил насилно одведен од здравствените работници од Главната железничка станица, по што како што тврдат властите на Гана претрпел траума.

– Испитувањето, не беше против негова волја. Мажот, беше изненаден, но соработуваше со медицинските лица, изјави Мартин Шалек, портпарол на болницата „На Буловце“, каде е отворено одделение за евентуални заболени од ебола.

Од чешкото Министерство за надворешни работи изјавија дека не добиле никаква жалба за случајот и доколку добијат ќе се поведе стандардна процедура.

Според министерот за здравство, Сватоплук Њемечек, проблемот не бил во постапката на чешките органи, туку во тоа што странскиот државјанин не ја испочитувал препораката на прашкиот аеродром за преглед и избегал.

– Јас првенствено мислам дека нестандардно реагираше момчето. Цврсто верувам дека случајот ќе се расветли и дека владите на сите останати земји, исто како што би направила нашата влада, ќе имаат разбирање за мерките за спречување на ширење на опасната инфекција кои мораме да ги преземаме, оцени Њемечек.

Чешка вчера одлучи да воведе контрола на сите патници кои авионски ќе допатуваат во земјата.

Патниците, ќе мора да пополнат лист каде биле претходните 42 дена и доколку се ризични ќе треба да бидат прегледани од епидемиолошката служба на аеродромот.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана