Гана: Се урна трговски центар, се стравува од голем број на жртви

Од:

Шестокатен трговски центар во Акра, главниот град на Гана, се урна денеска. Се стравува дека под урнатините се затрупани голем број луѓе.

Очевидците за агенцијата Франс Прес, рекле дека најверојатно има многу жртви, поради тоа што трговскиот центар Мелком, редовно го посетуваат многу луѓе.

На лице место се спасувачките екипи. Досега од урнатините се извлечени живи две лица.

Акра, главниот град на оваа западноафриканска земја, има повеќе од два милиони жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он