Гана ќе ангажира Кубанци за да го неутрализира штрајкот на домшаните лекари

Од:

Владата на Гана одлучи да ангажира 177 лекари од Куба, како замена за домашните лекари кои штрајкуваат и одбиваат да се вратат на работа, соопшти министерот за здравство на оваа западноафриканска земја, Алекс Сегбефиа.

Министерот не соопшти кога ќе дојдат Кубанците и од кога ќе се вклучат во државното здравство на Гана, кое е зафатено со штрајкот, но откри дека групата кубански лекари кои сега работат во оваа земја, а чии договори истекуваат. ќе остант на своите работни места.

Владата во Акра најави дека нема да попушти пред притисокот на лекарите, инистирајќи штрајкувачите прво да се вратат на работа, а потоа да се обноват преговорите, околу нивните барања.

„Нема да има плати (за лекарите), додека не се извршуваат работните задачи„- објасни министерот Сегбефиа.

Штрајкот полна на почетокот од неделата, а лекарите истакаа повеќе барања, а пред се, право на бесплатно постдипломско студирање, подобри услови при пензионирањето и зголемување на додатоците за облека, за гориво и за издржување.

Штрајкувачите бараат од владата да се согласи со бесплатно лекување во странство, за третман и за услуги што ги нема во Гана, а бараат и обезбедување бесцарински увоз на странски возила.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ