Галуп ја прогласи Индонезија за најкорумпирана држава во југоисточна Азија

Од:

Весникот „Џакарта пост’’ денеска објави дека американскиот „Галуп’’ ја прогласил Индонезија за држава со најголема корупција во југоисточна Азија, што, според весникот, не е изненадување иако во последниве три години четворица министри, повеќе директори на големи државни претпријатија, па дури и гувернери на провинции се осудени на повеќегодишни затворски казни и голема финансиска казна.

Според експертите од индонезиската група за антикорупција, оценките на „Галуп’’ не се изненадувачки, а во пракса корупцијата е главна причина за воздржување на странските инвеститори од вложувања, иако е факт дека секоја инвестиција во Индонезија носи големи профити.

Невладината организација за борба против корупцијата, по вчерашното објавување на извештајот на „Галуп’’, го обвини и претседателот на заминување Јудихјоно, кој не се воздржувал на високи политичари и угледни бизнисмени од странство да им каже дека подмитувањето и корупцијата биле „стил на живот’’ во 250 милионската Индонезија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата