Галибаф: Правилата на играта се променети – Иран ќе возвраќа посилно

Од:

Претседателот на иранското собрание (Меџлис), Мохамед Багер Галибаф, денеска ги предупреди американските претставници дека „правилата на играта се променети“ и порача дека Иран во иднина ќе одговори на секој напад врз неговите интереси и безбедност побрзо, поостро и посилно.

„Симетричните одговори се минато, а нашите напади врз базите на агресорот за време на последните операции беа само почеток“, рече Галибаф во обраќањето пред пратениците.

Тој нагласи дека Вашингтон мора да ја разбере новата позиција на Техеран „пред да биде предоцна“.

„Отсега па натаму, секој напад врз интересите и безбедноста на Иран ќе биде пресретнат со побрз, поостар и поболен одговор“, порача претседателот на иранскиот парламент.

Централната команда на САД на 1 септември објави дека е извршена серија напади врз цели во Иран. Според иранската „Прес ТВ“, експлозии биле регистрирани на јужниот брег на земјата, вклучително и на островот Кешм, како и во неколку други градови.

Иранските сили потоа, според тврдењата на Техеран, возвратиле со напади врз американски воени бази во Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Ирак и Бахреин.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели