Галант: Сирискиот претседател Асад треба да биде елиминиран

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да биде елиминиран за да се запрат злосторствата што се случуваат во оваа земја, изјави денеска израелскиот министер за домување и градежништво, Јоав Галант, пренесе Танјуг.

Пензионираниот генерал Галант, кој ја предводеше јужната команда на израелските одбранбени сили, што го вклучува и подрачјето на Појасот Газа, истакна дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини сирискиот режим дека врши масовни убиства врз илјадници затвореници и потоа ги пали нивните тела во голем крематориум во непосредна близина на престолнината Дамаск.

Сириската Влада веднаш денеска ги демантира тврдењата на САД и во соопштение на Министерството за надворешни работи, објавено од државната агенција САНА, наведе дека американската администрација објави „нова холивудска приказна што нема допир со реалноста“.

„Реалноста на ситуацијата во Сирија денес, кога луѓето се убиваат, се користи хемиско оружје против нив и последната екстремна мерка – ги спалуваат нивните тела, е нешто што не сме го виделе 70 години во светот и ја преминува црвената линија“, изјави Галант, а пренесе агенцијата Блумберг.

Според негово мислење, време е Асад да се елиминира.

По отсекувањето на тоа што го нарече „змиска опашка“, ние ќе можеме да дојдеме до нејзината глава, „која седи во Техеран“, рече Галант.

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху засега не ја коментираше изјавата на Галант.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан