Галант: Борбите на југот на Појасот Газа ќе продолжат да бидат интензивни

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека борбите на југот на Појасот Газа ќе продолжат да бидат интензивни, а дека само неколку илјади милитанти на Хамас остануваат на северот на палестинската енклава.

За време на посетата на централна Газа, Галант им кажа на војниците на 646-та резервна падобранска бригада на 99-та дивизија што оперираат во областа дека израелската војска била фокусирана на подземните тунели на Хамас во областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во која рече дека има терористи и се кријат на големи длабочини, објави „Тајмс оф Израел“.

Галант истакна дека израелската армија уништила 12 баталјони на Хамас на северот на Појасот Газа и дека во таа област останале „неколку илјади терористи“ од 15.000 или 18.000 што биле таму на почетокот.

„Голем број од нив беа елиминирани, а други побегнаа на југ“, изјави Галант.

Според него, израелската армија ќе продолжи да спроведува помали операции во северниот дел на Газа со цел да ги искорени последните борци на Хамас и да ја преземе контролата врз таа територија.

Галант истакна дека во исто време, за жал, има и други закани, од кои најголеми се секојдневните напади на либанскиот милитант Хезболах на северот на Израел.

Би можело да ве интересира

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за прекин на огнот во Газа, ќе ги ослободиме заложниците

ИДФ го нападна појасот Газа по ракетата, наводно, истрелана од енклавата

Хамас го одложи ослободувањето на израелските заложници до понатамошно известување

А1он