Гадафи тајно соработувал со МИ5

Од:

Британските разузнавачки агенции и владата на Гадафи соработувале во низа заеднички операции во периодот од 1997 до 2007 година, покажуваат документите кои што во септември 2011 година ги пронајде организацијата „Хјуман рајтс воч“, во екот на либиската револуција, во една напуштена зграда на либиската влада во Триполи.

Официјалните документи кои што се пронајдени по падот на Гадафи покажуваат дека информациите добиени од нелегално приведувани дисиденти од Либија , се употребувани на делумно затворени судења во Лондон.

Меѓу останатото има информации и дека во заедничките акции на британските тајни служби МИ 5 и МИ 6 и безбедносните агенции на Гадафи имало нелагални апсења на неговите противници и дека тие наводно биле мачени.

Во еден момент либиски тајни агенти добиле повик за акција на британско тло, каде што соработувале со МИ5 и малтретирале либиски дисиденти кои имале азил во Велика Британија.

Познато е дека во 2004 година МИ5 му помогнала на Гадафи да киднапира двајца либиски опозициски лидери и да ги префрли во Триполи заедно со нивните семејства, меѓу кои шестгодишно девојче и бремена жена.

Меѓутоа постојат докази дека со овие заеднички тајни операции се поткрепувани голем број судски процеси во Лондон, во време кога владата на Тони Блер неуспешно се обидувала да ги депортира опонентите на Гадафи и тоа врз основа на информации добиени од лица кои се приведени од неговите приврзаници и сместени во затвор.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски