Кина носи голема одговорност во однос на Северна Кореја, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, по слетувањето во Пекинг, предупредувајќи на неодамнешниот опасен развој на ситуацијата, јави ДПА.
– Сметаме дека Кина има голема одговорност таму, но сигурни сме дека кинеската Влада е свесна за тоа, рече Габриел, кој е во еднодневна посета на Пекинг.
Тој за време на престојот треба да се сретне со кинескиот премиер Ли Кеџианг и министерот за надворешни работи Ванг Ји.
Се очекува заканата од севернокорејската нуклеарна програма да биде важен дел од темите за кои ќе се разговара, Други теми веројатно ќе бидат трговијата и климатските промени.