Габриел ги повика на дијалог земјите од Персискиот Залив

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел, кој денеска ја започнува турнејата во три арапски земји во Перскискиот Залив, ги повика синоќа учесниците во регионалната криза да остварат сериозен дијалог.

– Веќе неколку недели братски и соседски земји од Арапскиот Полуостров се навлезени во кофликт, што предизвикува загриженост, нагласи Габриел, кој ќе ги посети Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

– Ние сме загрижени од фактот што недовербата и недостигот на единство може да ги ослабат сите страни, како и Полуостровот во целина, додаде германскиот министер за надворешни работи.

Реонот на Перскискиот Залив се соочува со тешка дипломатска криза од почетокот на минатиот месец, откако Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар, обвинувајќи го за поддржување на меѓународен тероризам и соработка со Иран.

– Го поддржуваме целосно напорите на емирот на Кувајт за посредништво, истакна Габриел.

Тој нагласи дека е нопходен сериозен дијалог меѓу земјите, со цел да се најде решение за кризата преку преговори.

Германскиот министер за надворешни работи посочи дека Берлин не зазема страна, но дека конфликтот ги засега и германските интереси.

– Ова се однесува како на борбата против екстремистичката група Исламска држава, така и на стабилноста на еден регион погоден од кризи, тензии и војна, што во иднина ќе се соочи со големи економски и социјални предизвици, заклучи Габриел.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени