Габриел до Трамп: Ако сакате да купуваме американски автомобили правете ги поквалитетни

Од:

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп по неговите закани дека ќе воведе царина во висина од 35 отсто за возилата, коишто германските компании ги произведуваат во трети земји, а ги продаваат во САД.

Габриел, кој е лидер на помалата германска владејачка партија СПД, во изјава за весникот Билд вели дека воведувањето на дополнителни тарифи за германските возила ќе ја направи американската автомобилска индустрија послаба и поскапа.

„На САД им се потребни подобри автомобили. Ние не сме слаби и инфериорни“, изјави Габриел, пренесува дописникот на МИА од Берлин, во врска со барањата на Трамп во Германија да се продаваат исто толку Шевролет возила како и мерцедеси во САД.

По заканите од Трамп акциите на берзите на најголемите германски автомобилскаи компании паднаа за нешто на 1 процент на берзата во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп може да одигра одлучувачка улога во запирање на Путин

Горан Наумовски

18 лица се повредени во пожар во Германија, меѓу кои пет деца

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Шолц за Маск: „Сопствениците на социјалните мрежи нема да одлучуваат за изборите“

Предраг Петровиќ

Германците признаа: Немоќни сме пред „Орешник“