Габриел: Берлин сака Грција да остане во еврозоната

Од:

Германската Влада сака Грција да остане во еврозоната и не постојат поинакви планови, изјави заменик-канцеларот Сигмар Габриел вчера по медиумските наводи дека Берлин верува оти монетарната унија може да издржи без Грција.

Габриел, министер за економија и лидер на Социјадемократите (СПД) истакна дека еврозоната во последните години е отпорна и не може да се уценува.

– Цел на германската Влада, на ЕУ, како и на Владата во Атина е да ја задржи Грција во еврозоната. Немало и нема други планови. Еврозоната е стабилна во последните години. затоа не можеме да бидеме уценувани, посочи Габриел во денешното интервју за „Хановерпе Алгемајне Цајтунг“.

Тој посочи дека очекува грчката Влада, без оглед кој е на нејзино чело ќе се придржува до договорот со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски