Г7: Испраќаме 32 милијарди долари во Украина следната година, подготвени сме да дадеме и повеќе

Од:

Групата богати земји Г7 вети до 32 милијарди долари помош за Украина следната година, соопштија нивните министри за финансии во заедничката изјава денеска додавајќи дека се подготвени да дадат повеќе доколку е потребно.

– Остануваме силно посветени на итните краткорочни финансиски потреби на Украина, рекоа министрите, охрабрувајќи ги другите донатори да го зголемат својот придонес за земјата разурната од војна.

Ветувањето од 32 милијарди долари од земјите од Г7 вклучува 19 милијарди долари од Европската унија, се наведува во соопштението за медиумите.

Оваа сума или е делумно исплатена или исплатата за Украина е во тек, се вели во соопштението на министрите на САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кадиров излезе од „Бредли“; „Ќе ти дадам пиштол, можеш сам да пукаш во себе“

Украинците тргнаа во против напад во Курск

ВИДЕО: Разговараа шефовите на руската и на американската војска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Русите подготвуваат нова офанзива, 300 чамци чекаат за преминување на Днепар

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски