Г7 отворени за дијалог со Москва

Од:

САД ја повикаа Русија да престане со поставување пречки за мирот во Сирија и да биде „конструктивен партнер“ за да се заврши судирот кој трае седум години.

– Русија мора да биде конструктивен партнер во Сирија или ќе мора да сноси одговорност, порача вршителот на должност американски државен секретар Џон Саливен на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Шефовите на дипломатиите на седумте индустриски најразвиени земји во светот соопштија дека се отворени за дијалог со Москва, но и дека се едногласни во „противењето на злонамерното однесување на Русија“, соопшти Стејт департментот цитирајќи висок функционер на САД.

– Исто така постои отвореност меѓу членките на Г7 за дијалог со Русија, иако ја сметаме за одговорна за нивните злонамерни активности и нивните напори да дестабилизираат држави, рекол функционерот.

Г7 ја сочинуваат Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија, а нивниот следен самит ќе се одржи на 8 и 9 јуни во канадската покраина Квебек.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот