Г7 ќе и помага на Украина да се одбрани од руската агресија „колку што е потребно“

Од:

Групата Г7 ќе продолжи да и помага на Украина „колку што е потребно“ за да се одбрани од руската инвазија и нејзините економски последици, се вели во заедничката изјава на министрите за финансии на Г7 по состанокот во Вашингтон.

Групата најразвиени земји, исто така, соопшти дека ќе продолжи да работи на механизам кој ќе овозможи конкретно воведување на горна граница за цената на руската нафта, и го поздрави приклучувањето на Австралија кон земјите кои ја поддржуваат оваа акција, која има за цел да ги ограничи финансиските можности на Кремљ за продолжување на конфликтот.

Финансиските лидери од Г7 исто така ветија дека ќе ги зголемат напорите за намалување на емисиите и климатската поддршка за земјите во развој и покрај зголемените трошоци за енергија и безбедносните предизвици поттикнати од руската војна во Украина.

– Соочени со овие предизвици, нема да правиме компромиси, туку ќе ги интензивираме нашите напори за исполнување на нашите климатски цели, вклучително и забрзана, чиста, правична и одржлива енергетска транзиција која исто така ја зајакнува енергетската безбедност, нагласија министрите за финансии на Г7 и гувернерите на централните банки во заедничката изјава по средбата во Вашингтон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“