ФСБ: Русин е уапсен под сомнение за шпионажа за Украина

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес соопшти дека привела руски државјанин во регионот Рјазан, за кого тврди дека доставувал информации за објектите на Министерството за одбрана, транспортната инфраструктура, одбранбената индустрија и секторот за гориво и енергија до украинската воена разузнавачка служба.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ соопшти дека против него е покрената постапка за предавство, објави ТАСС.

Според соопштението, рускиот државјанин (41) се занимавал со разузнавачки активности во име на Главната дирекција за разузнавање на украинското Министерство за одбрана.

ФСБ соопшти дека човекот проактивно контактирал со украински разузнавачки службеник преку месинџерот Телеграм.

„Почнувајќи од 2025 година, тој собирал и пренесувал информации до непријателот за објектите на руското Министерство за одбрана, транспортната инфраструктура, одбранбената индустрија и енергетските комплекси во регионот, како и за воениот персонал кој учествувал во специјална воена операција“, соопшти ФСБ.

Истражниот оддел на ФСБ отвори кривична постапка според член 275 од Кривичниот законик на Руската Федерација, што се однесува на велепредавство во форма на давање друга помош на странска држава во активности насочени против безбедноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД